Aргентинскиот ветеран Макси Родригез донесе одлука да стави крај на неговата богата игрчка кариера.
Кариерата 41-годишниот Родригез ја завршува онаму каде и што ја започна во Њу Олд Бојс. Низ кариерата настапуваше уште за Пењарол, Ливерпул, Атлетико и Еспањол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Дојде и тој момент за кој мислев дека никогаш нема да дојде. Ние, фудбалерите никогаш не сакаме ова да се случи. Навистина беше тешка одлука, сепак ја донесов мирно. Имам долга кариера во која дадов се што можев да дадам. Сакам да бидам запаметен како добар човек и добар соиграч“, изјави Родригез.
За репрезентацијата на Аргентина Родригез одигра 57 натпревари и постигна 16 гола.