Дома Фудбал Англија Се огласи Харт: Нема да лажам, уништен сум…

Се огласи Харт: Нема да лажам, уништен сум…

Aнглискиот селектор Герет Саудгејт ја објави листата репрезентативци на кои ќе смета за претстојниот Мундијал во Русија.

„Имаме многу баланс, квалитет искуство и карактер. Процесот на селекција беше во тек месеци наназад“, појасни Саудгејт.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Голманот на Вест и некогаш еден од најдобрите чувари на мрежата во Европа, Џо Харт остана без повик за настап на најголемото спортско случување. Повикани голмани беа: Пикфорд (Евертон), Бутланд (Стоук) и Поуп (Барнли).

„Нема да лажам, уништен сум. Две години се обидував да се извлечам од тешка ситуација и сега навистина тешко ми е да ја прифатам оваа одлука. Горд сум на секоја минута која ја одиграв за да и помогнам на репрезнтацијата, но работите се такви, какви што се. И посакувам среќа на Англија во Русија. Иако нема да биде покрај нив, играчите знаат дека како навивач секогаш ќе бидам тука за нив. Одете без страв, растурете ги“, порача поранешниот стандарден голман на репрезентацијата на Англија.

Харт за Англија запиша 75 официјални настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oд Влаховиќ за Јувентус подобри во Лигата на шампоните се само Игуаин и Роналдо!

Душан Влаховиќ повторно погоди за Јувентус, во мечот што заврши со реми против Спортинг. С…