Германскиот фудбалер Лерој Сане нема да игра на Светското првенство во Русија бидејќи Јоаким Лев не го смести на конечниот список.
Лев го изненади фудбалската јавност кога вчера го соопшти списокот и на него не се најде Сане. Овој 22 годишен фудбалер зад себе има фантастична сезона во Манчестер Сити, но и покрај тоа за него немаше место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сане денес одлучи да се огласи преку својот официјален Твитер профил. Германскиот фудбалер се заблагодари на пораките за поддршка и призна дека е разочаран што нема да игра на Мундијалот во Русија.
„Ви благодарам на сите за пораките на поддршка кои добив вчера и денес. Секако дека сум разочаран што нема да играм на Мундијалот, но морам да ја прифатам одлуката и да се вратам уште посилен. Ви посакувам се најдобро во Русија. Земете ја титулата“, напиша Сане.
????? #LS19 #inSané @DFB_Team_EN pic.twitter.com/W1lS7ldbpf
— Leroy Sané (@LeroySane19) June 5, 2018