Дома Фудбал Италија Се огласија од Серија А: Пиоли ќе добие нов медал

Се огласија од Серија А: Пиоли ќе добие нов медал

Милан синоќа после цели 11 години повторно го освои Скудетото и стана нов италијански шампион.

После победата на гости кај Сасуоло настана вистинска лудница на теренот и втрчаа многу навивачи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во тие моменти некој му го украл медалот на тренерот Стефано Пиоли, кој е еден од најзаслужните за овој успех на „росонерите“.

„Ми го украдоа медалот, некој ми го зема од врат. Можеби ќе испратам жалба, тој е единствениот кој го имам“,изјави Пиоли по мечот.

Денес се огласија од Серија А и му порачаа на Пиоли да не се грижи и дека веќе изготвиле нов медал за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рој Кин жестоко удри по ѕвездата на Реал по поразот!

Реал Мадрид доживеа пораз од Баерн со 1:2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата …