Дома Фудбал Останато Се најде некој да каже и такво нешто: Зидан не знае ништо за фудбалот

Се најде некој да каже и такво нешто: Зидан не знае ништо за фудбалот

Зинедин Зидан и Реал Мадрид во овој момент е во еден лош период, клубот во последното коло изгуби од Реал Сосиедад со 3:1 во 37-то коло во шпанската Примера.

Во Мадрид само се чека крајот на оваа очајна сезона за да започне да се работи за далеку подобри резултати во новата која ќе следи. Прво навивачите очекуваат големи промени во играчкиот кадар во текот на летниот период.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот стратег после фантастичните години во Реал во финишот на оваа сезона се врати во клубот, но во време кога сезоната веќе беше изгубена.
Навивачите го дочекаа со еуфорија и веруваат дека веќе во наредната ќе ги врати на победничките патеки.

Меѓутоа аргентинскиот голман Хуго Гати не верува премногу во неговите квалитети.

„Зидан ништо не направи кога Реал победуваше. Зошто не победува сега? Зидан не знае ништо за фудбалот. Ги имаше Роналдо, Рамос...“, изјави најдобриот аргентински играч од 1982 година и додаде:

„Ако Зидан не ја промени својата тактика, ситуација во Реал нема да се подобри, напротив мислам дека ќе биде уште полошо“, смета Гати.

Зидан се врати во Реал на 11-ти март, а во својот претходен мандат освои девет трофеи за две ипол години поминати во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…