Фудбалскиот сојуз на Шведска соопшти дека нивната репрезентација ќе биде домаќин на Србија во пријателски натпревар на 8 јуни.
Беше објавено и дека 42-годишниот Златан Ибрахимовиќ го избра токму тој натпревар за збогување со својата играчка кариера.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ибрахимовиќ последниот натпревар за клубот го одигра во март минатата година. Тогаш како капитен на Милан беше стрелец во победата против Удинезе. За националниот тим досега има 122 настапи, а последниот беше во март минатата година.
Сега е време целосно да ги закачи копачките и да стави крај на репрезентативната кариера во која постигна рекордни 62 гола за Шведска.
Ќе остане запаметен како еден од најголемите играчи кои не ја освоиле Лигата на шампионите.