Дома Трансфер зона Се гледа крајот на кошмарот за Љајиќ: Може да се врати во Серија А

Се гледа крајот на кошмарот за Љајиќ: Може да се врати во Серија А

Српскиот фудбалер Адем Љајиќ ќе го напушти Бешикташ во јануари и е во потрага по нов клуб, пренесуваат италијанските медиуми.

Поранешниот српски репрезентативец е надвор од плановите во Бешикташ. Не се вклопи во идеите на Јалчин, а истото го очекува и кај привремениот менаџер Ундер Каравели кој ќе го води тимот до крајот на сезоната. Поради тоа Љајиќ е во потрага по излезе од црно-белиот табор и веќе им порачал на своите претставници да му пронајдат нова средина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно контакти имало со Болоња и Џенова, но засега немало одговор. Михајловиќ и Љајиќ се во добар однос со Михајловиќ, двајцата имаа одлична соработка во Торино во периодот кога Љајиќ играше одличен фудбал.

Инаку, сезонава Љајиќ не настапи на ниту еден натпревар во дресот на Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…