Дома Фудбал Сетиен: Ова Класико е поважно за Реал Мадрид

Сетиен: Ова Класико е поважно за Реал Мадрид

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен пред „Ел Класико“ го префрли притисокот на страната на Реал Мадрид.

Тренерот на Каталонците изјави дека ова дерби е многу поважно за Реал Мадрид отколку за неговиот тим.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Од големо значење за нас е да ја имаме топката. Разликата помеѓу победата и поразот во вакви натпревари може да биде во неколку сантиметри. Не секогаш тоа што се случува на теренот отговара на резултатот. Реал е силен тим кој ќе не притисне од првата минута“, изјави Сетиен.

„Реал секогаш е опасен и нема врска тоа што некои велат дека не е во добра форма. Победа на овој меч ќе не приближи до титулата бидејќи ќе имаме предност од пет бода. Дербито е важно за нас, но многу поважно за Реал Мадрид“, заклучи Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски подготвен да ја намали платата, но Барса не брза со новиот договор

Тековниот договор помеѓу Роберт Левандовски и Барселона истекува на крајот од оваа сезона,…