Тренерот на Барселона, Кике Сетиен призна дека постојаните шпекулации за евентуалниот трансфер на Артур во Јувентус влијаат врз неговата игра на теренот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во последните недели постојано медиумите пишуваат за евентуалната трампа помеѓу Пјаниќ и Артур. Бразилецот првично не сакаше да ја напушти Барселона, а последните информации се дека наводно дал согласност за трансферот.
„Ако шпекулациите за Артур и Јувентус се вистинити, тогаш тие несомнено влијаат врз него.Јас се обидувам да го извлечам најдоброто од него и се обидуваме да се изолираме од оваа ситуација, но тоа е надвор од наша контрола. Ќе разговараме со играчот за да му кажеме да се фокусира на работите на кои треба да се фокусира“, истакна Сетиен.
„Јас разбирам дека ова е многу тешко за него, но тој мора да ги надмине овие пречки“, додаде тренерот на Каталонците после слабата партија на Бразилецот против Атлетик Билбао.