Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Серхио Агуеро кој има договор со тимот на Манчестер Сити до 2020 година за англиските медиуми зборуваше за својата иднина.
Откако, Пеп Гвардиола пристигна во Манчестер Сити во летото 2016 година започнаа шпекулации за неговата иднина.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Сега, Аргентинецот по вчерашната победа од 3:1 против Вотфорд во која беше еден од стрелеците зборуваше за својата иднина.
„Имам договор до 2020 година. Навистина се надевам дека ќе останам тука до истекот на договорот, се трудам да дадам се од себе, а на крајот од сезоната ќе видиме што ќе се случи. Не сакам често да менувам клубови, тука сум среќен, но како и секогаш клубот го има последниот збор. Раководството е тоа кое одлучува дали заминвуаш или остауваш“, изјави Агуеро.
Sergio Agüero insists he wants to stay at Manchester City until his contract expires in 2020 – but says the club will make the decision. (Source: SkySports) pic.twitter.com/mV1uYJGtVd
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 3, 2018