Дома Фудбал Италија Серија А – Еве колку заработуваат најдобрите фудбалери и тренери!

Серија А – Еве колку заработуваат најдобрите фудбалери и тренери!

Како и секоја година така и оваа „Газета Дело Спорт“ ги откри платите на фудбалеритево Серија А, како и што се очекуваше шампионот Јувентус има најголем платежен фонд кој расте од година во година, со приходите на клубот.

Аргентинскиот напаѓач од редовите на „старата дама“, Гонзало Игуаин, заедно со неговиот поранешен соиграч Леонардо Бонучи кој премина во редовите на Милан, се најплатени фудбалери во Серија А со годишна заработувачка од 7.5 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога сме кај Јувентус, потоа следат Буфон и Пјаниќ со по 4.5, Кедира со 4, Манџукиќ 3.5, колку и Маркизио, Киелни, Куарададо, Матуиди и Шчесни. Брзаљи за кого ова е последна сезона заработува 3 милиони, колку и новото засилување Бербардески и дефанзивецот Бенатиа, Алекс Сандро заработува 2.8 милиони евра, но се очекува наскоро да потпиша нов договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона. Лихштајнер кој би можел да замина наредното лето добива 2.8, новајлијата Ховедес 2.5, Бентакур добив милион, додека третиот голман Пинсољо добива 200.000 евра по сезона.

Милан има помал платежен фонд од Јуве, „бјанконерите“ за плати издвојуваат 164 милиони, додека „росонерите“ 117.

Големото засилување за новата сезона, Бонучи е лидер со 7.5 милиони евра, Донарума добива 6 милиони, Биља и Калиниќ по 3.5, Борини и Чалханоглу 2.5, Кеси 2.2, Рикардо Родригез 2.1. Поранешниот капитен Монтоливо 2.5 милиони, Ромаљоли добива 2 колку и Силва. Новата ѕвезда на тимот Патрик Кутроне верувале или не заработува само 180.000 евра годишно и тој е најмалку платен фудбалер во редовиге на Милан.

Во Интер, најплатен е капитенот Икарди кој добива 4.5 милиони евра, но неговата плата со новиот договор ќе биде зголемена на 6 милиони евра, Миранда и Перишиќ добиваа по 3, но Хрватот ќе стигне до 5 милиони со новиот договор и ќе биде втор најплатен фудбалер во клубот, веднаш зад Икарди. Жоао Марио за кого „нероаѕуирте“ платија 40 милиони евра има плата од 2.7 милиони евра, Брозовиќ и Хандановиќ 2.5, Ранокиа кој не е во прв план добива 2.4, Борха Валеро кој оваа година пристигна во клубот има плата од 2.2 милиони евра колку и Кандрева. Резервниот голман Падели кој пристигна од Торино заработува 500.000 евра по сезона, додека Карамох кој пристигна во последниот ден од преодниот рок доби плата од еден милион евра по сезона.

Според ова Интер годишно на плати троши 82 милиони евра.

Екипата на Рома вкупно има поголем платежен фонд од Интер, додека нивните најдобри играчи заработуваа помалку од најплатениот во Интер. Во Рома лидер е Џеко со 4.5 милиони, Наинголан добива 4.2 милиони, Стротман, 3.2 милиони, засилувањето Коларов добива два милиони колку и Гоналон и Дефрел.

Во Наполи кој троши колку и Интер, Инсиње добива 3.6 милиони, Мартенс и Хамшик по 3.5, додека Каљехон и Милик 2.5.

Кога се тренерите во прашање, Алегри е далеку пред сите, тој со новиот договор ќе добива седум милиони евра по сезона, зад него следат: Спалети со 4, Монтела со 3, Ди Франческо и Михајловиќ добиваа по 1.5 милион, додека Сари во Наполи има годишна плата од 1.4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…