Дома Фудбал Останато Сериозни обвинувања: Чави и Гвардиола само им се умилкуваат на шеиците!

Сериозни обвинувања: Чави и Гвардиола само им се умилкуваат на шеиците!

Teшки обвинувања на сметка на двете фудбалски легенди.

Во Шпанија владее голема напнатост откако државните власти ги уапсија организаторите на каталонската влада, а па по тој повод се огласија и бројни спортисти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола и Чави со своите пораки јасно искажаа незадоволство од такватао длука, а новинарот Пако Гонзалес не премолчи и жестоко им одговори.

„Тие само им се умилкуваат на шеиците. Шпанија не е некоја неважна земја за која некој може да зборува што сака. Чави зборува нешто за Шпанија од земја од каде што животот го изгубија 2.000 работници кои работеа на изградба на фудбалски стадиони. Ниту Гвардиола не е ништо подобар“, критикуваше новинарот.

Гонзалес алудираше на фактот дека Чави е тренер во Катар кој ќе биде организатор на Мундијалот во 2022 и покрај бројните контроверзии, додека менаџерот на Манчестер Сити неодамна беше обвинуван дека добивал нелегални уплати од Обединетите Арапски Емирати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…