Дома Фудбал Италија Сензација во Торино, Беневенто го „матира“ Јувентус🎥

Сензација во Торино, Беневенто го „матира“ Јувентус🎥

Беневернто го приреди едно од најголемите изненадувања сезонава во Серија А и го победи Јувентус во Торино со 0:1.

„Бјанконерите“ влегоа во мечот како големи фаворити, но Беневенто од самиот старт спорадично се закануваше преку Лападула.

Од друга страна Јувентус не успеа да создаде големи шанси во првото полувреме, па на одмор се замина со резултат 0:0.

Во вториот дел Јувентус нападна и кога сите очекуваа дека „старата дама“ ќе дојде до рутинска победа, Гиеч го шокира шампионот во 70-та минута.

Артур направи катастрофална грешка на својата половина, па Пиеч го матираше Шчешни за 0:1.

Јувентус до крајот не успеа да дојде ни до израмнување, па додатно се оддалечи од битката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…