Дома Останати Тенис Сензацијата во Мелбурн за 10 дена на Австралија Опен заработи повеќе отколку цела кариера претходно

Сензацијата во Мелбурн за 10 дена на Австралија Опен заработи повеќе отколку цела кариера претходно

Рускиот тенисер Аслан Каратсев направи голема сензација со пласманот во полуфиналето на Австралија Опен.

Каратсев кој е 114. тенисер во светот дојде до полуфиналето откако го совлада Грегор Димитров со 3:1 во сетови. Рускиот тенисер е најголема сензација на овогодинешното издание на Австралија Опен, а во полуфиналето ќе игра против првиот носител Новак Ѓоковиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Русинот живее вистинска бајка во Мелбурн и самиот податок дека во Мелбурн за 10 дена заработи повеќе отколку цела негова кариера претходно доволно зборува.

Во досегашната кариера тој заработи 618.354 долари, додека во

Мелбурн со досегашните резултати до сега инкасираше 662.000 долари. Ако успее да направи нова сензација и да го победи Ѓоковиќ ќе заработи уште неверојатни 1.17 милиони долари.

Каратсев е главна тема затоа што „до вчера“ беше анонимен тенисер кој започна од квалификациите и навистина заслужи да се зборува за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Родик: Алкараз е подобар од Ѓоковиќ и Надал, но има еден проблем

Познатиот тенисер Енди Родик вели дека Карлос Алкараз е подобар во овие години отколку што…