Кевин Принс Боатенг во јануари 2019 година пристигна во Барселона како позајмен играч од Сасуоло и тоа беше вистински шок за фудбалската јавност.
Барселона го доведе Боатенг тогаш како резерва за Суарез, а тој не се прослави. После само половина година си замина од клубот, како што се очекуваше Барса не го откупи неговиот договор.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Боатенг одигра само неколку натпревари за Барселона, но и покрај тоа порача дека тоа бил еден од неговите најдобри периоди во животот. За него било чест да се носи дресот на таков клуб, како и да тренира со најдобрите играчи во светот.
Нормално најголем впечаток на него оставил Лео Меси.
„Тренирањето со Меси ме остави без зборови. Секогаш зборував дека Роналдо е најдобар во светот, но Меси е нешто посебно. Тој не е нормален. Додека тренирав со него се чуствував како аматер. Си зборував себе си: Толку е, треба да се пензионираш. Навистина зборуваме за еден спектакуларен играч“, изјави Боатенг.