Марио Балотели ќе добие статус на слободен агент ова лето, па неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за Италијанецот.
Балотели минатата сезона настапуваше во редовите на Ница каде постигна 26 гола во сите натпреварувања. Добрите настапи му издејствуваа на фудбалерот покана од Роберто Манчини во националниот тим на Италија, а пред неколку дена напаѓачот постигна убав гол при враќањето во „азурите“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Мино Раиола започна со работа во потрага по нов клуб на Балотели, а интерес за напаѓачот меѓу другите покажуваат Олимпик Марсеј, Арсенал и Борусија Дортмунд.
Притоа, четири клуба од Серија А исто така покажуваат сериозен интерес за „Супер Марио“.