Дома Фудбал Сега Роналдо има голем сојузник – Иско го налутил највлијателниот играч на „кралевите“!?

Сега Роналдо има голем сојузник – Иско го налутил највлијателниот играч на „кралевите“!?

Незадоволството кулиминирало после новиот пораз…

Нови проблеми во Реал, поразот и не е толку важен кога во прашање е пласманот, „кралевите“ со главите се веќе во Париз, а титулата од поодамна е предадена на Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Проблем е Иско кој реагирал после измената и веќе е познато дека сака да замине и тоа веројатно ќе се случи доколку Зидан остане. Тој е незадоволен што Французинот ги форсира Бензема и Бејл.

Ваквото однесување на Иско не му се допаднало на капитенот Серхио Рамос кој е еден од највлијателните играчи во соблекувалната. Шпанецот едноставно смета дека неговиот соиграч во никој случај не смеел така да се однесува.

Рамос до овој момент претставуваше „гласот на разумот“ во Реал и токму тој ги смируваше страстите помеѓу шпанскиот клан кој го предводи токму Иско и останатите играчи. Но, сега е лут на играчот за врска и изгледа дека повеќе нема да ги толерира неговите „испади“. Да потсетиме, претходно шпанските медиуми на големо пишуваа дека Кристиано Роналдо не е задоволен од постапките на Иско.

Оваа информација само ги засили гласините дека Иско ќе го напушти Реал на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…