Турчинот Чунејт Чакир важи за еден од најдобрите судиите во Европа.
Сепак, своето реноме според многумина си го расипа во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Меѓутоа без оглед на грешките Чакир доби понуда која многу лесно би можел да ја прифати. „Марка“ пишува дека Кинезите сакаат да го видат во својата лига и спремни се да му понудат голем договор.
Засега не се споменуваат бројки, но шпанскиот медиум тврди дека се работи за сума која во Европа тешко би ја добил.
Кинезите прават се за да го подигнат нивото на фудбалот во нивната земја и веќе навикнавме да гледаме трансфери на фудбалски ѕвезди во оваа земја, а сега изгледа дека на ред дојдоа и судиите.