Дома Фудбал Сега и официјално: Роналдо од денес е сопственик на клуб во Шпанија!

Сега и официјално: Роналдо од денес е сопственик на клуб во Шпанија!

Новиот шпански првологаш Ваљадолид од денес е во сопственост на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдо.

Уште пред неколку дена медиумите отрија дека Роналдо е заинтересиран да го купи клубот, а денес и официјално стана сопственик на 51% од акциите на Ваљадолид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Поминав многу фудбалски фази во животот. Фудбалот е мојата страст, па затоа се одлучив на овој потег. Имаме одлилни можности да ги исполниме нашите цели, а нашата цел е да растеме од ден на ден“, изјави Роналдо.

Бразилецот откри дека ќе биде формиран одличен тим кој ќе го води клубот и се ќе биде транспарентно.

„Ги повикувам навивачите да учествуваат во проектот. Давајте ни идеи, мислења и критики. Сакам да бидете дел од сегашноста и иднината на Ваљадолид“, се обрати Бразилецот кон навивачите.

Нема официјални информации, но медиумите откриваат дека Роналдо платил 30 милиони евра за мнозинскиот пакет акции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни „распали“ кон ѕвездите на Јунајтед: Немате ниту страст, ниту желба…

Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, смета дека тренерот Рубен Аморим мо…