Дома Останати Сега е и дефинитивно: Џошуа и Руиз ќе имаат реванш!

Сега е и дефинитивно: Џошуа и Руиз ќе имаат реванш!

0
joshua ruiz

Сега е и дефинитивно – ќе има реванш помеѓу Џошуа и Енди Руиз!

Енди Руиз шокантно го победи Џошуа во неделата наутро во „Медисон Сквер Гарден“, така Џошуа ги изгуби трите категории во тешка категорија (ИБФ, ВБО, ВБА).

Сега Џошуа брзо ќе има шанса да му се реваншира на Руиз, а сега таа борба сигурно ќе привлече уште повеќе внимание од првата, затоа што Џошуа веќе не е голем фаворит како што беше пред првата борба.

Во договорот за борба помеѓу Џошуа и Руиз постоела клазула за реванш и сега пристигна потврда дека таа клазула е активирана.

„Се сретнавме со тимот на Џошуа во Њујорк и решивме клазулата за реванш со Енди Руиз Џуниор да биде активирана“, изјави промоторот на мечот Ед Херн.
Во овој момент точниот датум не е утврден, но според она што се најавува борбата ќе биде одржана кон крајот на оваа година, ноември или декември.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шок на тренингот на Баерн: Ковач помислил дека ѕвездата на тимот добил срцев удар! (ФОТО)

На тренингот на Баерн Минхен утрово имало шокантен момент кога многумина помислиле дека ѕв…