Дома Фудбал Севиља – Бетис: Дербито на Андалузија за старт на фудбалот во Шпанија

Севиља – Бетис: Дербито на Андалузија за старт на фудбалот во Шпанија

Ла Лига се враќа вечерва и тоа со натпревар достоен за оваа пригода, прв натпревар по долгата пауза предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19. Ќе следиме градско дерби, во кое Севиља е домаќин на Бетис во битката за Андалузија или како што некои милуваат да го викаат ова локално дерби „Ел Гране Дерби“.

Севиља не смее да киксира ако сака во Лигата на Шампиони

Последниот натпревар Севиља го одигра на седми Март кога одигра 2:2 на гости кај Атлетико Мадрид, ривал со кои ќе водат битка за пласман во Лигата на Шампиони. Севиља беше во одлична серија и со форма која постојано одеше во нагорна линија. Од таа гледна точка, прекинот на шампионатот за нив дојде во доста незгоден момент.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тој резултат против Атлетико ги остави на третото место во Ла Лига, по пристојниот но сепак неспектакуларен старт на 2020 година. Долго време се бараше вистинската форма и сега сите се надеваат дека по паузата ќе се продолжи со исти игри како и предходно.

Сепак и пред паузата се виде дека нема постојаност кај ниту една екипа која сака во Лигата на Шампиони. Реал и Барса се на првите две места и се далеку напред. Но за оние две места кои водат во европската елита се борат вкупно пет екипи. Од таа гледна точка, јасно е дека секој кикс ќе биде чекор наназад за било која екипа од вив, па така и за Севиља.

Она што може да биде клучно за Севиља е нивниот недостаток на доверба на домашен терен пред своите навивачи, во време кога клубовите играат на празни стадиони.

Сусо е под знак прашалник за овој меч поради проблеми со коленото, но Лопетеги би требало да смета на него. Окампос е исто така под знак прашалник, а единствено јасно е дека нема да игра фудбалерот од средниот ред кој е дојден на позајмицата, Немања Гудељ кој е суспендиран поради жолти картони.

Бетис ќе игра без притисок до крајот на сезоната

Реал Бетис само што ја забележа неверојатната победа од 2:1 против Реал Мадрид, се случи прекин на фудбалот во Европа. Немаа ниту време да ја прослават таа неочекувана, но голема победа, која го симна кралскиот клуб од врвот на табелата во Ла Лига.

Резултатот беше уште повеќе изненадувачки заради претходната форма на Бетис, кој не успеа да победи на нивните претходни седум натпревари пред Реал Мадрид, забележувајќи четири порази и три ремија. Бетис имаше среќа и покрај лошиот период да остане на позиција каде може да игра со одредена слобода.

Во моментов се на 12-то место во Ла Лига, а Бетис има осум бода повеќе од екипите кои се на местата кои водат во понизок ранг. Две или три победи треба да бидат доволни за да се осигураат дека се безбедни од испаѓање. Од друга страна се далеку од Европа, па нивниот главен тренер Руби може да се концентрира на поголема самодоверба меѓу фудбалерите и полека да се спрема за следната сезона.

Руби има тројца играчи со проблеми поради повреди: Вилијам Карваљо, Хуанми и Диего Лаинез. Сите се вратија на тренинг, но овој натпревар веројатно доаѓа прерано за нив.

Наш предлог:

Двете екипи да постигне гол @ 1.76 во 1хBet

Победа на Севиља @ 1.90 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…