Дома Фудбал Останато Светот му се смее на Жиру: Што ли правеше во Русија!?

Светот му се смее на Жиру: Што ли правеше во Русија!?

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру е светски шампион со репрезентацијата на Франција.

Жиру и соиграчите вчера со 4:2 во финалето на Мундијалот во Русија ја победија Хрватска и со тоа стигнаа до вториот наслов шампион во светот, но ако можеме да кажеме дека некој не имаше премногу интерес за прослава, тогаш тоа е Жиру.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Напаѓачот ги одигра сите седум натрпевари, сите ги започна од првата минута, но знаете ли колку голови псотигна? Нула.

И тоа не е толку страшно да не постои податокот дека Жиру не упати ниту еден удар кон голот на противникот. Одигра 90 минути против Перу, Данска, Аргентина и Уругвај, 20 против Австралија, 85 против Белгија и 81 против Хрватска, но тоа не му беше доволно да шутира кон голот.

Но, кој се грижи сега за тоа, Жиру и Французите го слават големиот успех, а Жиру на некој друг начин им помогна на Триколорите, што очигледно го препозна и Дешамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бенфика го загуби мечот поради неверојатен автогол (ВИДЕО)

Бенфика не успева да пронајде победничка форма под Жозе Мурињо. Екипата на Каса Пја неочек…