Дома Фудбал Италија Саудијците влегуваат и во Италија: Манчини ургирал да го купат неговиот поранешен клуб!

Саудијците влегуваат и во Италија: Манчини ургирал да го купат неговиот поранешен клуб!

Саудиските милиони како што изгледа за првпат ќе влезат и во италијанскиот фудбал.

Италијанските медиуми пренесуваат дека селекторот Роберто Манчини лобирал саудискиот фонд да го купи неговиот поранешен клуб Сампдорија.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Манчини разговарал со кралското семејство да инвестираат во Сампдорија која во овој момент се натпреварува во Серија Б и лошо ја започна сезоната.

Сопственици на клубот во овој момент е Андреа Радричани и Матео Манфредини. Медиумите пренесуваат дека и Манфреди ги остварил првите контакти за продажба на неговиот пакет акции. Идејата на Манфреди е Сампдорија да биде дел од „мрежата“ што фондот од Ријад креира низ светот.

Средба помеѓу принцот Мохамед Бин Салман и Италијанците би требало да се одржи во декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез веднаш му покажа на Алонсо каква моќ има Реал Мадрид

Чаби Алонсо пред неколку дена беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид и веднаш почн…