Јувентус доживеа уште еден непријатен пораз, овој пат од Сасуоло на домашен терен 1:2.




Сега „бјанконерите“ заостануваат цели 13 бода зад лидерот Милан, па иако е рано, сепак овој пораз дополнителни ги оддалечи од трката за Скудетото.




Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Јувентус започна добро, Мората промаши добра шанса, Дибала ја погоди стативата, а потоа стигна казна во последните минути од првото полувреме кога Сасуоло поведе со голот на Фратези.




Во вториот дел Јувентус тргна офанзивно и дојде до израмнување во 76-та минута со голот на Мекени. Сауоло дојде до трите бода буквално во последната минута кога преку еден контра напад погоди Лопез.




Аталанта победи на гостувањето кај Сампдорија со 1:3, а Удинезе и Верона одиграа реми (1:1).