Дома Фудбал Италија Сари најде оправдување за поразот од Лацио

Сари најде оправдување за поразот од Лацио

Јувентус синоќа го запиша првиот пораз сезонава на гостување кај Лацио и не го искористи киксот на Интер за да се врати на врвот на табелата.

Тренерот на „старата дама“ Маурицио Сари истакна дека добиениот црвен картон бил клучен за поразот.

Судијата Микаел Фабри прво му даде жолт картон на Квадрдадо, но по консултацијата со ВАР реши да го смени во црвен.

„Не се согласувам дека тоа беше јасна ситуација за гол, бидејќи топката не одеше таму. Жолтиот картон беше вистинската одлука, но останува фактот дека направивме грешка што се донесовме во таква позиција. Црвениот картон смени се. Но, и покрај поразот, гледам подобрување на мојот тим“, вели Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Невидена ситуација до сега: Бараат место во Ла Лига зошто им заминал најдобриот стрелец

Екипата на Реал Сарагоса испрати скоро неверојатно барање до Фудбалскиот сојуз на Шпанија.…