Дома Фудбал Останато Сари имал состанок во Лондон: Ако го напушти Челзи се враќа во Серија А?

Сари имал состанок во Лондон: Ако го напушти Челзи се враќа во Серија А?

sari

Maурицио Сари многу лесно може да добие отказ во Челзи.

Во редовите на лондонскиот тим владее големо незадоволство од начинот на кој италијанскиот стратег го води тимот и наводно Сари се наоѓа пред отказ.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓутоа ако им веруваме на италијанските медиуми, Сари нема да биде долго време без работа и да биде отпуштен од Челзи. На „Чизмата“ се пишува дека ако тој добие отказ во Челзи, ќе се врати во Серија А, поточно во тимот на Рома.

Како што тврди „Ла Република“ претседателот на Рома Џејмс Палота разговарал со Сари во Лондон, а состанокот бил организиран од страна на техничкиот директор на
Тотенхем и поранешен директор на Рома, Франко Балдини.

„Ла Република“ пишува дека Еусебио Ди Франческо се наоѓа на излезни врати од клубот и дека Сари е човекот кого сакаат да го видат на негово место.
Исто така судбината на спортскиот директор на клубот Мончи е под знак прашалник, па Рома наредната сезона би можела да има значително изменет кадар во внатрешноста на клубот.

Отказот на Сари во Лондон би можел да му биде доделен и вечерва во случај да видиме сензација и Малме да го елиминира Челзи во Лигата на Европа. Сепак, очекувањата се клучниот натпревар да биде финалето во Карабао купот кој се игра во недела на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…