Дома Фудбал Англија Сари: Азар на тренинг понекогаш знае да биде голем проблем

Сари: Азар на тренинг понекогаш знае да биде голем проблем

Тренерот на Челси, Маурисио Сари тврди дека постојат моменти кога Еден Азар делува незаинтересирано за време на тренинг бидејќи мисли дека се е премногу лесно за играч како него.

Азар е врвен играч кој долго време во своите редови го посакува Реал Мадрид, а италијанскиот стручњак го смести меѓу најдобрите играчи на светот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Задоволство е да го имате Азар во текот на натпревар, но понекогаш за време на тренинг тој е голем проблем бидејќи е талентиран и за него се е прелесно.“ – рече Сари.

„Моментално, Еден е еден од најважните играчи во Европа и светот. Мислам дека може уште повеќе да напредува и мора да се обиде да биде најдобриот во Европа.“ – додаде Италијанецот.

Азар долго време се поврзува со Реал Мадрид, а Перез според некои шпански медиуми сакал да потпише договор во понеделникот, но Челси одлучил да се фокусира на финалето во ЛЕ, кое вечерва го игра против Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…