Дома Трансфер зона Само три клуба можат да си го дозволат Мбапе

Само три клуба можат да си го дозволат Мбапе

На претставувањето на Луис Енрике за нов тренер, Килијан Мбапе доби уште една порака дека доколку сака да остане мора да потпише нов договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Мбапе истекува во јуни 2025 година и затоа ПСЖ сака да го продаде ова лето и да заработи од неговото заминување. Но, засега Мбапе стои на ставот да си замине наредното лето како слободен играч.

Заинтересирани за играч како францускиот голгетер секако ќе има, но се тврди дека само три екипи можат да си го дозволат, а тоа се: Реал Мадрид, Манчестер Сити и Њукасл.

Се би требало да биде познато до крајот на јули, но дефинитивно и понатаму Реал Мадрид важи за фаворит за неговиот потпис и ќе биде изненадување, ако не го видиме во дресот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…