
Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓
Баерн Минхен синоќа се спасуваше од пораз против Келн и одигра 1:1 против Келн на „Алијанц Арена“.
Директорот Салихамиџиќ по мечот го нападна Серж Гнабри кој беше изваден од игра уште на полувреме.
Гнабри го искористи својот слободен ден во понеделникот за да замине на модната недела во Париз, па доби големи критики.
„Тоа е аматерски потег од Гнабри, тоа едноставно се коси со размислувањето во Баерн Минхен. Слободен ден се дава за да се одморите, а потоа да притиснете на педалот за гас на следниот натпревар. Слободен ден не се користи за да потрошите време, сигурно ќе зборуваме за ова“, изјави спортскиот директор.