Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен е спремен на лето да ги продаде Садио Мане и Гнабри.
Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане е капка која ја пречи чашата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баварците му соопштиле на неговиот агент дека слободно може да си бара нов клуб, а најсилен интерес покажува Пари Сент Жермен.
Проблемот со Серж Гнабри е падот на неговата форма, а раководството на клубот верува дека сега е идеален момент за негова продажба.
Гнабри исто така сака да ја промени средината, а има понуди од Премиер лигата.