Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Салах тренираше со тимот: Се надевам дека ќе играм на првиот меч!

Салах тренираше со тимот: Се надевам дека ќе играм на првиот меч!

Првата ѕвезда на Египет, Мохамед Салах добро се рехабилитира од повредата и денес го одработи целиосниот тренинг со остатокот од тимот.

Иако лекарот на репрезентацијата на Египет Ихаб Лахити не сакаше да даде конкретна изјава дали играчот на „црвените“ ќе биде подговтен, сепак Салах се надева дека ќе биде спремен за игра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сега се чувствувам многу подобро. И се надевам дека ќе играм од првиот натпревар. Но дали ќе се случи тоа, дали ќе започнам како стартер, зависи како ќе се чувствувам во деновите и часовите пред средбата“, изјави Салах.

Минатата сезона Салах одигра 52 натпревари и постигна 44 гола, што му обезбеди две индивидуални награди во Англија, како и награда во Африка за фудбалер на годината

Неговиот Египет првиот меч на Мундијалот ќе го игра против Уругвај во петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…