Дома Фудбал Англија Салах се договори со Ливерпул – Рома не сака да слушне!

Салах се договори со Ливерпул – Рома не сака да слушне!

Ливерпул е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Рома, Мохамед Салах, а англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот веќе постигнал договор со клубот од „Енфилд“.

Мохамед Салах, еден од најдобрите играчи на Рома во изминатите две сезони, веќе ги договорил личните услови со „црвените“ кои му понудиле договор од 4,5 милиони евра по сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно Ливерпул веќе доставил првична понуда од 32 милиони евра, но Рома експресно ја одбила таа понуда.

Англискиот премиерлигаш ќе треба да се обиде со нова, побогата понуда, а се претпоставува дека Рома би прифатила 40 милиони евра за крилниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зидан се враќа на сцената по пет години – конечно ја прифати нивната понуда

Зинедин Зидан веќе пет години е без работа откако го напушти Реал Мадрид и одби многу пону…