Холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дијк на почетокот од оваа година го засили Ливерпул во рекорден трансфер од Саутемптон.
Црвените во Ван Дијк вложија големи средства, а на почетокот имаше многу скептични навивачи околу тоа. Сепак, Холанѓанецот за кратко време покажа дека се работи за одличен дефанзивец и сега одбраната на Ливерпул е незамислива без него.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ван Дијк веднаш направи добар однос со новите соиграчи, каде се издвојува Мохамед Салах. Интересно е што Салах призна дека морал да гугла кога Ван Дијк стигнал во јануари на Енфилд.
„Уф, одличен фудбалер. Најцврстиот фудбалер кој го познавам. Признавам дека гуглав кога пристигна бидејќи не знаев колку има години. Мислев дека има 35 или 36 години. Тоа е одличен играч и човек иако никогаш не ја платил сметката во ресторан.“ – вели низ смеа Салах.