Дома Фудбал Англија Салах: Погодените стативи не се важни додека тимот победува

Салах: Погодените стативи не се важни додека тимот победува

Ливерпул вчера беше поразен на „Енфилд“ од Интер, за „црвените“ тоа беше прв пораз дома во Лигата на шампионите. Сепак нема да го паметат долго затоа што го обезбедија пласманот во следната фаза.

Интер победи со 1:0, а Ливерпул помина благодарение на триумфот од 2:0 во првиот натпревар. Во овој натпревар Ливерпул имаше прилика и да постигне гол, Салах погоди две статива. Египкќанецот не се оптеретува со тоа премногу.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Две стативи? Нема врска, најважно е што поминавме. Следниот пат можеби ќе бидат три гола. Таквите работи се помалку важни додека тимот победува. Во овој натпревар можеби влеговме со преголема самодоверба. Ова е добар натпревар од кој можеме да извлечеме некои поуки. Имавме две стативи и пречка, тоа се случува во фудбалот. Најважно е што останавме во натпреварувањето и што се уште можеме да ги освоиме Лигата на шампионите и Премиер лигата“, изјави Салах.

За Ливерпул ова беше прв пораз во елитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кој ќе ја освои „Златната топка“

На 28 октомври во Париз ќе биде доделена престижнта награда „Златна топка“, а шпанска „Мар…