Дома Фудбал Останато Салах откри кој му е најдобар пријател во Ливерпул – Со него секогаш ми е забавно

Салах откри кој му е најдобар пријател во Ливерпул – Со него секогаш ми е забавно

Еден од најдобрите светски фудбалери, Мохамед Салах одлично се вклопи во Ливерпул, за кого потпиша минатото лето.

Во првата сезона, Египќанецот постигна 44 гола во 52 натпревари во сите натпреварувања, а во адаптација му помогна и големото разбирање со соиграчите. Сепак, еден фудбалер особено се издвојува од таа приказна – Дејан Ловрен, кој Салах го нарекува најдобар пријател во Ливерпул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Најдобро се согласувам со Дејан Ловрен. Тој е одлична личност со кого сум многу близок. Секогаш ме смее“, изјави Салах за хрватскиот фудбалер.

Дека Салах и Ловрен се во навистина одлични односи може да потврдат нивните Инстаграм профили, каде што речиси секојдневно објавуваат некои смешни клипови кои ги посветуваат еден на друг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Арсенал веќе ќе беше шампион во Премиер лигата доколку го избраше Патрик Шик“

Владимир Шмицер, легендарна фигура на Чешка и освојувач на Лигата на шампиони со Ливерпул,…