Дома Фудбал Лига на шампиони Салах отвори на почетокот, Ориги стави точка – Ливерпул е новиот шампион на Европа! (ВИДЕО)

Салах отвори на почетокот, Ориги стави точка – Ливерпул е новиот шампион на Европа! (ВИДЕО)

Вечерва се одигра долго очекуваното финале во Лигата на шампионите на „Ванда Метрополитано“ помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

На крајот трофејот од Мадрид го однесе Ливерпул кој славеше победа со 0:2.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После само 20-тина секунди Ливерпул доби пенал. Иако беше сомнително, главниот судија на сметаше дека има доволно аргументи и покажа на белата точка. Мохамед Салах ја превзема одговорноста и го доведе Ливерпул во водство.

После овој гол се очекуваше да гледаме супер интересно финале, но очекувањата не исполнија, се играше без многу шанси.

Второто полувреме донесе нешто поинтересна игра, а точка на натпреварот стави Ориги со голот во 88-та минута.

Ќе потсетиме Ливерпул минатата година изгуби во финалето од најелитното европско натпреварување од Реал Мадрид, а веќе оваа година успеаа да стигнат до трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…