Вејн Руни откри што се случило во 2010 година кога се обиде да го напушти Манчестер Јунајтед.
Според него уште тогаш клубот тргнал во надолна линија, па затоа и Фергусон донел одлука да се пензионира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Клубот ми предложи 200.000 фунти неделно. За мене беше лесно да кажам „дајте да потпишам на 5 години“. Меѓутоа, јас сакав успеси на теренот, тоа за мене беше поважно од парите“, истакна Руни.
„Всушност, ако погледнете пет години после таа средба. Алекс Фергусон знаеше во каква насока оди клубот и замина што е можно побрзо. Во клубот се уште се обидуваат да го склопат мозаикот и да се вратат на правиот пат“, додаде Руни.
Фергусон го напушти Манчестер Јунајтед во 2013 година и од тогаш клубот се мачи да се врати на врвот.
Wayne Rooney was prescient in calling out Sir Alex Ferguson over the United squad rebuild in 2010 and has the last word on their dispute in his new film #mufchttps://t.co/FUZZ0BwuRI
— Samuel Luckhurst (@samuelluckhurst) February 10, 2022