Дома Фудбал Репрезентации Руни: Тогаш бевме најдобриот тим на светот, ако го имавме Гвардиола ќе освоевме се

Руни: Тогаш бевме најдобриот тим на светот, ако го имавме Гвардиола ќе освоевме се

Поранешниот репрезентативец на Англија Вејн Руни смета дека неговата генерација можела да освои се ако имала тренер каков што е Пеп Гвардиола.

Руни со националниот тим играше шест големи натпреварувања. И покрај квалитетниот тим, Англија со него не стигна подалеку од четвртфиналето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ја гледам Англија и среќе сум што победуваат. Кога ќе го погледнете нашиот тим од пред 10 години, тоа без сомневање е најдобриот во светот. Рио Фердинанд, Џон Тери, Ешли Кол, Стивен Џерард, Пол Сколс, Френк Лампард, Дејвид Бекам, јас, Мајкл Овен...Ако го имавме Гвардиола за селектор на оваа група играчи ќе освоевме се, сигурен сум во тоа“, изјави Руни.

Руни одигра 120 натпревари за Англија и со 53 гола е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…