Дома Фудбал Англија Роџерс потврди дека Фофана нема да игра против Челзи

Роџерс потврди дека Фофана нема да игра против Челзи

Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс потврди дека дефанзивецот Весли Фофана нема да игра против Челзи викендов во Премиер лигата.

Челзи има сериозен интерес за Французинот и испрати понуда од 70 милиони фунти, која беше одбиена. Фофана има договор со „сините“ и инсистира да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Фофана е изваден од групата на фудбалери на Лестер и беше испратен да тренира со младинскиот тим до 23 години.

„Фофана нема да игра овој викенд и се уште тренира со младинците. Не знам што ќе се случи и дали ќе има нова понуда, не можам да губам енергија на такви нешта. Јас сум концентриран врз фудбалерите, клубовите нека се договараат за трансфери“, изјави Роџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Компани по победата над Реал: Одличен резултат, но потребно ни е подобрување на играта

Баерн Минхен оствари голем триумф победувајќи го Реал Мадрид со 2:1 на првиот дуел од четв…