Дома Фудбал Англија Рој Кин бесен по поразот на Јунајтед: Не можам да ги разберам овие момци – се откажувам!

Рој Кин бесен по поразот на Јунајтед: Не можам да ги разберам овие момци – се откажувам!

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин денес го коментираше дербито на Манчестер кое заврши со победа на „граѓаните“.

Манчестер Сити ја заврши работата само за едно полувреме и после првите 45 минути имаше предност од 0:2. На крајот тој резултат се покажа и како конечен. Сити доминираше во првиот дел и создаде повеќе прилики, додека Јунајтед скоро и да немаше 100% прилика во текот на целиот натпревар.

Рој Кин беше посебно лут на играта во одбраната и го истакна вториот гол кој го примија „ѓаволите“ кога Шо и Де Геа беа само „гледачи“.

„Погледнете ги Шо и Де Геа?! Со години сум лут на овие момци. Се откажувам! Ова се репрезентивци на своите држави. Не можам да разберам како се бранат“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …