Дома Фудбал Роналдо се пожалил на болки, но сепак навивачите на Реал не треба да бидат загрижени

Роналдо се пожалил на болки, но сепак навивачите на Реал не треба да бидат загрижени

Португалскиот репрезентативец, Кристиано Роналдо има лесни проблеми со повредата.

Во Реал се малку загрижени, бидејќи утре го играат реванш натрпеварот од осмина финалето во Лигата на Шампионите во Париз, а Роналдо против Гетафе, по два постигнати гола, во 79. минута го напушти теренот, поради болки во десната нога.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдо почуствувал болки во мускулот, што секако веднаш предизвикало мала паника во клубот, особено навивачите, но се верува дека сепак, Португалецот ќе биде 100% подготвен за дуелот со Парижаните.

Со оглед на тоа што поради повреда, Нејмар го пропушта овој спектакл, тогаш би била вистинска трагедија за фановите на фудбалот и Роналдо да не игра. Но, повторуваме, и покрај малите проблеми со мускулот, Роналдо ќе биде на располагање на Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Закопани воени секири меѓу Реал и ПСЖ за незаборавен трансфер!

Реал Мадрид вчера објави дека се откажува од проектот Супер лига и со повлекувањето од тој…