Дома Трансфер зона Роналдо прифатил враќање во Манчестер Јунајтед под еден услов?

Роналдо прифатил враќање во Манчестер Јунајтед под еден услов?

Во последните два-три дена многу се пишува за Роналдо и можноста да замине од Јувентус. Наводно, „старата дама“ сака да се ослободи од Португалецот поради неговата голема плата.

Денес „ЕСПН“ и голем дел од англиските медиуми објавија дека Роналдо би можел да се врати во Манчестер Јунајтед. Роналдо во Јувентус дојде за на овој тим да му ја донесе Лигата на шампионите и во тоа засега не успеа. Неговата плата од 31 милион евра по сезона е голем терет за клубот во ситуација кога во светот владее пандемијата со коронавирусот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Англичаните сега тврдат дека и Роналдо би можел да биде расположен за враќање во Јунајтед, меѓутоа под еден услов, да потпише едногодишен договор.

Се шпекулира и за тоа сумата за висината на трансферот, наводно тој треба да изнесува околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…