Дома Фудбал Останато Роналдо пред Меси по заработката во 2021 година

Роналдо пред Меси по заработката во 2021 година

Кристиано Роналдо според листата на „Форбс“ најмногу заработил од сите професионални фудбалери во 2021 година.

Португалецот од договорот со Јувентус и подоцна од Манчестер Јунајтед инкасирал 70 милиони долари. Дополнителни 55 милиони му донеле спонзорските договори, па така стигнал до вкупна заработка од 125 милиони долари

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На второто место е Лионел Меси. Аргентинецот ова лето се пресели од Барселона во ПСЖ. Неговиот договор вреди 75 милиони долари, но затоа има 20 милиони помала заработка од Роналдо кога во прашање се спонзорите. Меси има доживотни договори со „Адидас“, „Пепси“, „Бадвајзер“…

На третото место е Бразилецот Нејмар. Нејмар има иста годишна плата како Меси, односно о75 милиони додека од спонзорски договорил добил уште 20 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арбеола само 48 часа по заминувањето на Алонсо откажува трансфер на Реал Мадрид

Алваро Арбеола, според извештаите на шпанските медиуми, бара од раководството на Реал Мадр…