Дома Фудбал Англија Роналдо побарал да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед

Роналдо побарал да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед

Кристиано Роналдо побарал и раскин на договорот со Манчестер Јунајтед за што поскоро да најде нов клуб, пренесува „Дејли Мејл“.

Неговата желба е да игра во Лигата на шампионите, а во моментов тоа Јунајтед не може да му го обезбеди, па инсистира да го напушти клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во вторникот имаше средба меѓу Роналдо и шефовите на „црвените ѓаволи“, но се чини дека таа не завршила позитивно, а Португалецот побарал да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед.

Менаџерот Жорге Мендеш го понуди Роналдо на неколку клубови, но никој од нив не е спремен да плати отштета за 37-годишниот фудбалер.

Поради тоа Роналдо сака да го раскине договорот и смета дека така полесно ќе си најде нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …