Дома Луд Спорт Роналдо откри што му е најважно во животот: Конечно го дознав тоа!

Роналдо откри што му е најважно во животот: Конечно го дознав тоа!

Можеби на Роналдо фудбалот моментално не му оди најдобро, но секако утеха може да побара во своето ново семејство.

Португалецот се повеќе ужива во семејниот живот. Има три деца, Кристиано Јуниор и влизнаците Ева и Матеј. Притоа со вереницата Георгина очекува и уште една ќерка која ќе се вика Алана Мартина.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не мислев дека ќе имам време за уште едно дете, но сега, кога гледам дека моето семејство расте, уживам во секоја секунда помината со нив. Татковството ме научи да бидам подобар човек и конечно дознав што е навистина важно во животот“, изјави Роналдо во интервју за шпанскиот магазин „Hola“.

Покрај проширувањето на семејството, Роналдо во моментов ја проширува и својата бизнис индустрија. Во наредниот период тој ќе промовира модна линија која ќе го носи неговото име, а во тоа ќе бидат вклучени и неговите деца, бидејќи ќе има и CR7 колекција за деца.

„Кристиано Јуниор и јас сакаме исто да се облекуваме и обожаваме да излегуваме во иста облека. Новата колекција ќе им овозможи на многу татковци да го прават истото“, објасни Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…