Веќе неколку дена Кристиано Роналдо е главна тема во шпанските медиуми кои тврдат дека Портуаглецот е разочаран и сака да го напушти Реал Мадрид.
Роналдо е веќе уморен од ветувањата кои му ги дава, а не ги исполнува претседателот Флорентино Перез, па сериозно размислува да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според зборовите на Кристиано Роналдо проблемот не е во парите, како што пишуваат шпанските медиуми.
„Постојано ми викаат ’утре, утре’. Не станува збор за пари, туку за статус“, им рекол Роналдо на своите пријатели.
Според медиумите Роналдо годишно добива 21 милион евра од Реал Мадрид, а Меси во Барселона заработува двојно повеќе. Нејмар исто така има поголема плата и заработува 35 милиони по сезона во ПСЖ.
Португалецот смета дека финансиската разлика со другите две ѕвезди е премногу голема и не одговара на неговата класа, па поради тоа е лут на раководството на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез.
?? Look who made the @EASPORTSFIFA Team of the Year…
Congrats, @Cristiano! ?
MORE: https://t.co/5OSdqvdwWW #FIFA18 | #TOTY pic.twitter.com/35SIbFdzVT
— Real Madrid C.F.?? (@realmadriden) January 15, 2018