Јувентус во рамките од 27. коло во Серија А како гостин го совлада Каљари со резултат 3:1.
Торинскиот тим прашањето на победникот го реши после само половина час игра, блескаше Кристиано Роналдо кој во тој период постигна три гола.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Првиот гол го постигна после 10-тина минути игра по еден изведен корнер, а потоа во 25. минута искористи пенал. Седум минути подоцна Португалецот дојде и до трет гол.
Домаќините до крајот на натпреварот преку Џовани Симеоне успеаа да стигнат до почесен гол. Јувентус со трите бода се врати на 10 бода помалку од лидерот Интер, но „старата дама“ има и натпревар помалку