Дома Фудбал Останато Роналдо започна нова кариера, стана јутјубер🎥

Роналдо започна нова кариера, стана јутјубер🎥

Легендата на светскиот фудбал, Кристиано Роналдо започнува нова кариера и во иднина ќе го гледаме и како јутјубер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо е најпопуларниот фудбалер на социјалните мрежи, а сега одлучи да отвори и свој јутјуб канал каде што веднаш објави неколку видеа и најавува свој подкаст.

„Чекањето заврши. Мојот јутјуб канал конечно е тука. Придружете ми се на новиот пат“, порача Роналдо.

Во еден од клиповите тој ги дава своите преференции помеѓу НБА и НХЛ, УФЦ и боксот, како и меѓу Мото ГП и Формула 1. Има мислења и за големите тениски имиња – Ѓоковиќ или Надал, а во кошарката – Мајкл Џордан или Стеф Кари. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави снимка поради која целиот свет мисли дека резултатот меѓу Алжир и Австрија е договорен (Видео)

Со поделба на бодовите (3:3) во последниот натпревар од групната фаза, фудбалерите на Алжи…