Дома Фудбал Италија Роналдо заминува: Еве како ќе изгледа новиот Јувентус

Роналдо заминува: Еве како ќе изгледа новиот Јувентус

Трофејниот стратег Масимилиано Алегри се врати на клупата на Јувентус и ќе направи промени во тимот.

Јувентус сака да се ослободи од Роналдо, а Алегри нема ништо против бидејќи верува дека Дибала ќе биде главна ѕвезда во нападот и побарал да биде продолжен договорот со Аргентинецот.

Главна трансфер цел на Јувентус ова лето ќе биде Мануел Локатели. Преговорите се во напредна фаза и се очекува трансферот да биде комплетиран за 40 милиони евра.

Алегри бара нов десен бек, а Јувентус започна преговори со Арсенал за трампа Белерин – Рамзи.

Остатокот од тимот се очекува да остане ист и да изгледа вака:

Шчешни, Белерин, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Локатели, Рабио, Квадрадо, Киеза/Колушевски, Дибала, Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо отпиша еден од најголемите таленти во светот

Реал Мадрид би можел на самиот крај од летниот трансфер период да остане без еден од своит…