Дома Фудбал Откриени шокантни детали за Роналдињо и Деко!

Откриени шокантни детали за Роналдињо и Деко!

Белорускиот фудбалер Александар Хлеб блесна во дресот на Арсенал, но беше едно од најголемите промашувања во поновата историја на Барселона.

Неговиот трансфер во Барселона беше големо изненадување, но на тоа инсистираше Пеп Гвардиола кој тогаш само што седна на клупата. Хлеб во Барса играше само на почетокот на сезоната, а потоа почна да ја „грее“ клупата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега во едно интервју Хлеб откри интересни детали и тврди Деко и Роналдињо во алкохолизирана состојба доаѓале на тренинг.

„Барселона во 2008 година мораше да го продаде Роналдињо. Тогаш тие стравуваа дека поради него можат да го изгубат Меси. Роналдињо и Деко знаеа да дојдат на тренинг во алко*олизирана состојба и тоа беше знак дека нешто мора да се направи. На крајот клубот направи одличен потег“, изјави Хлеб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…